Заза проговори за трагичното промашување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец жали поради промашениот пенал.

Симоне Заза можеше да биде херој на Италија, но се избрука при удар од белата точка. Антонио Конте го внесе во игра во 120 минута само поради пенал серијата, но тој не ја искористи укажаната доверба.

„Го промашив најважниот пенал во својата историја и тоа ќе ме прогонува до крајот на животот. Жал ми е што ги разочарав сите Италијани“, рече Заза и додаде дека секогаш така изведува најстроги казни.

„Тоа е мојот стил, секогаш така изведувам пенал и бев убеден дека ќе погодам. Го испратив Ноер на погрешна страна, но нажалост шутирав преку пречката. Ќе биде тешко, но морам да го заборавам ова. Сакам Италијаните да знаат дека дадовме се од себе“, истакна Заза.