Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, од десеткуваната Минесота, постави сериозни прашања за иднината на тимот од Колорадо. И покрај доминацијата на Никола Јокиќ во претходните сезони, впечатокот е дека франшизата не успеа да го искористи неговиот врв максимално.
Според информациите кои ги пренесува ЕСПН, а кои ги изнесе познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, во Денвер се подготвени на радикални потези – практично целиот ростер може да биде на пазарот, освен Јокиќ, околу кој сакаат да изградат нов, поконкурентен тим.
“Првата работа – тренерот Дејвид Аделман останува, неговата позиција е сигурна. Втора работа – Денвер сака долгорочно да се врзе за Никола Јокиќ. Тој во јули ќе може да потпише четиригодишен договор вреден повеќе од 290.000.000 долари. Очекувањата се дека тој ќе го потпише во јули, кога ќе може и заедно ќе продолжат понатаму“, речеЧаранија.
Сепак, најголемите промени се очекуваат во составот. Клубот планира темелна реконструкција, а како што се наведува, подготвени се да разгледаат понуди за сите играчи – дури и за Џамал Мaреј, доколку се појави соодветна понуда.













