„Земате плата од 70 милиони и тешко ви е? Што да кажат луѓето што работат во фабрики?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Чарлс Баркли се изнервира затоа што дел од НБА-ѕвездите се пожалија дека имаат напорен распоред на натпревари.

Баркли вели дека 82 натпревари во седум месеци не се многу и реакцијата на кошаркарите е знак на непочит кон луѓето кои работат во фабрика и ги трошат парите за да ги гледаат нив додека кошаркарите заработуваат милиони.

„Навивачите не ви се лутат што заработувате 30, 40, 50 милиони долари. Има кошаркари кои заработуваат по 70-80 милиони долари и се жалат дека им е тешко. Што да кажат луѓето кои работат во фабриките. Сигурен сум дека тие се изморени повеќе од вас, но секој ден одат на работа“, вели Баркли.