Земи или остави: Барселона ја испрати последната понуда за Левандовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот стрелец на Баерн Минхен и Бундеслигата, Роберт Левандовски кажа дека сака да се пресели во Барселона, која ја испрати последната понуда за Полјакот.

Баварскиот гигант не сака да го пушти Левандовски, кој има договор на уште една сезона, но доколку пристигне пристојна понуда од Каталонија, тогаш истата би била прифатена.

Баерн бара 50 милиони евра за услугите на полскиот напаѓач, а Барселона испрати понуда од 40 милиони евра плус пет милиони за бонуси.

Ова најверојатно ќе биде последната понуда која ја испраќа Барселона до Минхен, а Левандовски сигурно ќе изврши притисок врз раководството бидејќи не е задоволен и сака да замине од Баерн.