Земјотрес на „Вембли“: Англија ја освои европската круна! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големото финале на Европското првенство (ЕП) за жени во фудбал ги оправда очекувањата, а на крајот му припадна на составот на Англија, која славеше со 2-1 против Германија.

Двете екипи одиграа одличен натпревар, а првиот гол го постигна Тун во 62. минута, по што израмнувањето пристигна преку Магул во 79. минута.

Земјотресот се случи во судиското надополнување, односно во 110. минута кога Кели успеа да ги матира Германките по вторпат за триумф од 2-1.