Жесток удар за Милан: Ибрахимовиќ ја заврши сезоната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ објави дека Златан Ибрахимовиќ има посериозна повреда, а тоа го покажале медицинските прегледи.

Ибрахимовиќ се повреди во дуелот против Јувентус и ќе мора некое време да паузира, а тренерот Стефано Пиоли вчера кажа дека Швеѓанецот нема да игра на два меча, но очигледно ситуацијата била покомплицирана.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ибрахимовиќ нема да може да настапи ниту против Аталанта, против која ќе игра Милан во последното коло од сезоната.

Ибрахимовиќ сезонава го препороди Милан, односно тој е вистински лидер на екипата и постигна 17 голови во 27 одиграни меча.