Жестока пресметка на Хамилтон и Ферстапен за одличен почеток на новата сезона во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион во Ф1 ја почна новата сезона со победа на трката за Големата награда на Бахреин, додека веднаш зад него беше Макс Ферстапен.

Хамилтон водеше во вториот дел од трката, но Ферстапен успеа да го стигне на четири круга пред крајот. Холанѓанецот го премина актуелниот шампион и имаше водство, но направи грешка, која Британецот ја казни.

Британецот се врати на првта позиција, а потоа без грешки возеше до крајот за триумф во Бахреин. По овие двајца возачи на третата позиција заврши Ботас, а чевртата позиција беше резервирана за Ландо Норис.