Жестока трка за „Златната копачка“: Меси е лидер, а Серија А има четири кандидат во топ 10!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрите европски лиги влегуваат во финишот на сезоната 2018/19, а во моментов интересна е ситуацијата на табелата на фудбалери, кои се борат за „Златната копачка“.

Лионел Меси од Барселона е лидер на табелата со 22 голови, а напаѓачите од Серија А се посебно расположени сезонава, па во Топ 10 има дури четворица. Тоа се Кристијано Роналдо, Криштоф Пјонтек, Фабио Кваљарела и Дуван Запата.

Меси е лидер со 44 поени, втор е Килијан Мбапе со 38 бодови, а ист број на бодови има Роналдо на третото место. Четврти е Едисон Кавани од ПСЖ со 34 бодови, колку што има и Пјонтек.

По нив следуваат Серхио Агуеро и Мохмаед Салах по 17 голови, додека Кваљарела има 16 голови, додека во топ 10 се уште и Николас Пепе и Запата.