Жиру е минато: Милан носи напаѓач кој минатата сезона постигна 24 гола во Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан планира да ја засили екипата со нов напаѓач, а изборот паднал на Џонатан Дејвид од Лил, кој игра неверојатно за Лил.

Канаѓанецот минатата сезона постигна 24 голови во Лига 1, а оваа сезона веќе има постигнато шест. Сепак, Лил за неговите услуги бара околу 60 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Милан мора да направи конкретни чекори во следниот период затоа што и неколку премиерлигаши се заинтересирани за напаѓачот.

Дејвид пристигна во Лил од белгиски Гент, а на 154 настапи вкупно постигна 62 гола.