Жиру: Меси е неверојатен фудбалер, ама ќе му ја расипеме вечерта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Оливие Жиру кажа дека ќе се потрудат да му ја расипат вечерта на Лионел Меси, кој в недела ќе се обиде да стигне до првата титула на Мундијалите.

Жиру кажа дека Франција ќе се обиде да го одбрани трофејот, а со тоа и да му ја расипе ноќта на Аргентинецот.

„Меси е неверојатен фудбалер, меѓутоа ние ќе се потрудиме да му ја расипеме вечерта“, кажа Жиру.

Финалето на Мундијалот во Катар се игра в недела од 16.00 часот.