Животот не е фер: Испиша историја, доби отказ, па на клупа седеше со часови! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Промените на тренерските позиции се нормално нешто во спортот, но некои откази тешко им паѓаат на стратезите, посебно откако имале добри резултати во минатото.

Поранешниот тренер на Салернитана седеше сам на клупа откако му дадоа отказ. Фабрицио Кастори замина од кормилото на тимот, иако претходно ја доби титулата за градски амбасадор.

Овој 67-годишен тренер пред неколку месеци го однесе тимот во Серија А по 22 години и во текот на летото преживеа хаос поради задоцнети засилувања, а преубавата приказна му заврши по поразот од Специја.

Кастори ја водеше Салернитана во Серија А на осум натпревари, а единствена победа му донесе Милан Ѓуриќ.