Жоао Феликс ја доби наградата „Златно момче“ за 2019 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познат е добитникот на наградата на „Златно момче“, кое се доделува на фудбалери до 21 година. „Тутоспорт“, односно новинарите на останати европски медиуми гласаа за најдобар млад фудбалер за 2019 година и наградата ја доби Жоао Феликс.

Феликс доби 332 гласови, па убедливо славеше пред Џејдон Санчо (175) од Борусија Дортмунд, а трето место беше Каи Хаверц со 75 гласови.

„Многу сум горд за наградата. Ова е вторпат наградата да ја добие фудбалер на Атлетико Мадрид. Голема благодарност до Бенфика и посебно на тренерот Бруно поради тоа што ми помогна на мене и моето семејство“, порача талентираниот фудбалер.