Жоржињо стана алчен – одби понуда од Челси зашто била „сиромашна“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси сака да му го продолжи договорот на италијанскиот репрезентативец Жоржињо, иако често е критикуван од страна на навивачите поради лошите настапи, но тој реши да ја одбие понудата.

Жоржињо не бил задоволен од условите кои му ги понудило раководството бидејќи неделната плата била ниска за неговите барања.

Овој 30-годишен фудбалер сака договор на подолг период и плата од 150.000 фунти неделно, односно 30.000 фунти повеќе отколку што добива во моментов.

Неодамна во медиумите се појавија шпекулации дека Жоржињо најверојатно ќе го напушти премиерлигашот како слободен играч следното лето, а како негови можни дестинации се споменуваат Барселона и Јувентус.