Жозе Мурињо со пофални зборови за Солскјер и Манчестер Јунајтед по денешното дерби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо денес беше стручен коментатор за „Скај Спортс“ на дерби пресметката помеѓу неговиот поранешен тим и Ливерпул.

Мурињо по натпреварот истакна дека бил задоволен од изданието на „ѓаволите“и порача дека Солскјер фантастично ги подготвил своите фудбалери и на крај сите мора да жалат за пропуштената победа.

„Оле и Манчестер Јунајтед по такво фантастично трудење ќе бидат разочарани со една грешка и два загубени поени. Јас побарав да играат со срце, тие направија повеќе од тоа. Се држеа да планот за игра. Доколку бев Оле, ќе бев горд и фрустриран во исто време затоа што момците дадоа се“ –Жозе Мурињо во студиото на „Скај Спортс“ на „Олд Трафорд“.