Зидан го пушти својот син да си замине од Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот голман на Реал Мадрид, Лука Зидан си замина од клубот и следната сезона ќе ја помине на позајмица во Расинг Сантандер.

Синот на тренерот на Реал Мадрид одигра неколку натпревари за првиот тим на „кралевите“ кога во клубот се врати Зинедин Зидан.

„Реал Мадрид и Расинг Сантандер се договорија за позајмица на Лука Зидан за сезоната што доаѓа, а договорот ќе му трае до 30 јуни 2020 година“ –стоеше во официјалното соопштение лиферувано на страната на Реал Мадрид.