Зидан и понатаму пати за Роналдо: Не можеме да го смениме тоа, го нема повеќе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал е свесен колку Португалецот недостасува во екипата.

После освојувањето на Лигата на Шампионите три пати по ред и многу други трофеи со екипата на Реал, Кристијано Роналдо минатото лето за 105 милиони евра се одлучи да направи трансфер во Јувентус.

По неговото заминување, управата на мадридскиот клуб се обидува да најде адекватна замена, но тоа сеуште не им успева.

Во отсутствто на Роналдо, Карим Бензема стана најдобар стрелец на Реал Мадрид во оваа сезона со постигнати 26 погодоци во сите натпревари за што и тренерот Зинедин Зидан го пофали.

„Ситуацијата со Кристијано не можеме да ја промениме, го нема. Можеме да го донесеме било кој играч и кој и да дојде нема да може да го прави тоа што Кристијано го правеше.“, рече Зидан.

„Така оди тоа во животот, тој направи прекрасни работи за овој клуб и бевме воодушевени од него. Тој сега е во друго поглавје во својата кариера и уморен сум од повторување дека ништо нема да освоиме на крајот на оваа сезона, но ќе се потрудиме да завршиме најдобро што можеме“ се надоврза тренерот на Реал, Зидан.