Зидан мака мачи со повредите: Значителен период ќе отсуствува новото засилување на клубот

Реал Мадрид се соочува со проблеми кога станува збор за повредените играчи. Завчера сериозна повреда која ќе го оддалечи цела сезона од терените заработи Марко Асенсио, а сега Зидан доби нови лоши вест.

На списокот на повредени играчи е додаден и фудбалерот кој ова лето пристигна од Лион, Ферлан Менди.

Менди за разлика од Асенсио не е потешко повреден, но ќе отсуствува од терените околу еден месец што значи дека би можел да го прескокне и стартот на новата натпреварувачка сезона.