Зидан: Мбапе сеуште зборува дека сон му е да заигра за Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид денес играат на домашен терен против Галатасарај на натпреварот од четвртото коло во Лигата на Шампионите.

Тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан одржа прес-конференцијата за овој натпревар, а една од темите беше и евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал за кое според многумина се одбројуваат деновите.

И покрај тоа што Зидан баш и не сака да зборува околу шпекулациите за тоа кој сака да го доведе во Реал Мадрид овај пат направи исклучок и одлучи да прозборе пред новинарите.

„Играчот сам си ја носи одлуката за својата иднина. Во овој момент тој игра за ПСЖ, но ќе видме што ќе биде во иднина. Знам дека отсекогаш зборуваше оти сака еден ден да заигра за Реал Мадрид“, рече Зидан.

И покрај тоа што Мбапе има договор со ПСЖ до 2022. година во францускиот клуб не сакаат така лесно да го пуштат да замине во Реал Мадрид.

Ле Парисиен објави дека ПСЖ спреми нов договор за Мбапе според кој би заработувал неверојатни 36,8 милиони евра по сезона.