Зидан најави возбудлив меч: Одиме на победа на „Енфилд“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе се соочи против Ливерпул во реваншот од Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се надева дека ќе ја зачува предноста од 3-1 од првиот дуел и ќе избори полуфинале.

Тренерот Зинедин Зидан по победата против Барселона кажа дека неговата екипа е изморена, но тоа нема да ги спречи да одат на триумф.

„Ова е една неверојатна сезона, но сите имаме проблем со густиот распоред. Ќе се бориме до крај и ќе дадеме максимум. Ги немам сите фудбалери на располагање, но најважно е да бидеме подготвени за борба. Нема да се штедиме на мечот и ќе одиме на триумф и во реваншот“, вели Зидан.

„Кралевите“ за вечерашниот меч од 21 часот останаа без Азар и Васкез, додека не е познато колку голема минутажа ќе добие Валверде.