Зидан не попушта, ама Арсенал тера инат – сака да го краде Иско!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал во јануари ќе се обиде да го ангажира 28-годишниот Иско од Реал Мадрид на позајмица, а британските медиуми веќе објавија дека била испратена првата понуда.

Зинедин Зидан претходно кажа дека не сака да се раздели со Иско во јануари, туку ќе разгледа можност за продажба следното лето, сепак Шпанецот не е задоволен во Мадрид затоа што одигра само десет натпревари, а само три пати беше стартер.

Арсенал ќе се обиде да го позајми Иско, а дали ќе вгради клаузула за откуп засега не е познато. Сепак, лондонскиот тим ќе има голем ривал за неговиот потпис бидејќи интерес покажа и Севилја.