Зидан: Никогаш нема да бидам Фергусон за Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид знаеше дека не смее да направи кикс во мечот против Борусија Менхенгладбах, па славеше со 2-0 и избори осминафинале во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ како првопласиран тим од група Б се пласираше во нокаут-фазата на елитното натпреварување.

Тие во средата победија со 2-0 и така го остварија очекуваниот успех, а Зинедин Зидан почнаа да го споредуваат со Сер Алекс Фергусон.

„Никогаш нема да бидам Фергусон за Реал Мадрид, тоа е сигурно. Уживам во тоа што го работам, а не знам колку долго ќе бидам тука. Среќен сум што имам можност да работам и ми се допаѓа тука. Тоа е живот, а јас сум во Мадрид веќе долго време и не планирам наскоро да заминам“, кажа Зидан.