Зидан откри што ги очекува: Ова ќе биде навистина тешка сезона…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид едвај се спаси од пораз против Борусија Менхенгладбах, и тоа со два гола во самиот финиш на натпреварот. Германците имаа водство од 2-0, но потоа Бензема и Касемиро ги поставија конечните 2-2.

После првите две кола Реал Мадрид е последен во групата со еден освоен бод, откако во претходното коло „кралевите“ беа поразени од Шахтјор.

„Знаеме во каква позиција сме…Исто беше и минатата година. Ќе биде ова тешка година за нас. Но денеска, можеме да бидеме горди. Губевме 0:2 на тежок терен и против опасен противник…И не сме поразени. Дали ќе поминеме понатаму? Па…Убеден сум дека да, всушност ќе направиме се за да биде така. Мирен сум бидејќи дадовме се од себе. Денес нема лесни натпревари и тоа не е фраза. Мораме да продолжиме напорно да работиме. Знаеме дека сме на добар пат“, вели Зидан.