Зидан плаќа 80 милиони евра за ѕвезда на Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан планира да го засили Реал Мадрид следното лето, а веќе има и список со потенцијални засилувања за екипата.

Шпанскиот шампион продаде неколку фудбалери и ја наполни касата, а тоа им отвора можност да си дозволат некое засилување.

Зидан сака да го засили нападот, односно конкуренцијата во шпицот од екипата, а на неговата листа се наоѓа Ромелу Лукаку.

„Кралевите“ се подготвени да платат 80 милиони евра за услугите на белгискиот напаѓач, а исто така напаѓачот би добил плата од 15 милиони евра.

Лукаку игра одлично во дресот на Интер, а минатата сезона постигна 32 голови во сите натпреварувања за италијанскиот тим.