Зидан побара од Перез да му го доведе Килијан Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал ќе тргне по Французинот.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара од претседателот на клубот Флорентино Перез да проба и да го осигура потписот на Килијан Мбапе.

Младата звезда на ПСЖ и оваа сезона одигра неверојатно. Тој е втор најдобар стрелец во Европа веднаш после Лионел Меси, а со неговите 20 години веќе направи огромни работи за францускиот фудбал.

Мбапе неодамна го најави заминувањето од Парис, а Зидан има намера тоа да го искористи и побара од претседателот Перес да проба да го доведе.

Тоа нема да биде лесно. ПСЖ не се спремни да ја пуштат својата млада звезда, но без оглед на се, желбата на фудбалерот и вртоглавата понуда би можело да го променат мислењето на управата на ПСЖ.

Реал ова лето нема да штеди и очигледно е дека парите нема да бидат проблем. Имаат околу 600 милиони евра на располагање и нема да биде чудно ако го срушат светскиот рекорд со понудата која ќе ја достават за Мбапе.