Зидан реши да го враќа „чудото од дете“ во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан донесе конечна одлука да го врати Мартин Одегард од позајмица за следната сезона и ќе му даде шанса во првиот тим на Реал Мадрид.

Норвежанецот привлече големо внимание на себе кога стана најмлад дебитант во историјата на шпанскиот шампион, но не успеа да го пронајде своето место во првиот тим.

Веднаш потоа беше испратен на позајмици во Херенвен и Витесе, а потоа во Реал Сосиедад, каде што заигра во најдобро светло и покажа што знае.

Поради тоа Французинот реши да го врати 21-годишниот Норвежанец во клубот, иако Одегард требаше и следната сезона да настапува за Реал Сосиедад.

Одегард на 36 меча за Сосиедад постигна седум голови и девет асистенции минатата сезона.