Зидан се изнервира поради прашање на новинар: Мене ми изгледа е**но одлично!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не успеа да направи доминантен тим, но „кралевите“ вечерва во градското дерби ќе се пресметаат со Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид  во моментов е првопласиран со 14 бодови, односно бод повеќе од Атлетико и четири повеќе од барселона.

Зидан ниту на прес-конференцијата на Реал не можеше да го избегне прашањето за Лукас Ваксез, кој добива доверба, но многумина сметаат дека не ја заслужил.

„Мене ми изгледа е**но одлично. Тоа треба да ви биде јасно“, изнервирано одговори Зидан

Васкез минатото лето се поврзуваше со напуштање на „кралевите“, но остана на „Сантијаго Бернабеу“ и очигледно Зидан ќ смета на неговите услуги и сезонава.