Зидан си заминува од Реал Мадрид ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на Зинедин Зидан, Лука Зидан многу веројатно ќе го напушти „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок.

Јасно е дека 20 годишниот голман нема да добива многу минутажа од својот татко следната сезона, па во намера да игра повеќе првотимски фудбал ќе замине на позајмица во Франција.

За него постои интерес од тимот кој се натпреварува во втората по ранг лига во Франција, Клермон.

Инаку, во моментов Лука Зидан е трет голман на Реал Мадрид зад Тибо Куртоа и Кејлор Навас, а веднаш по враќањето на неговиот татко на клупата на „кралскиот клуб“ доби шанса да заигра и за првиот тим.