Зидан уште еднаш ја разбранува јавноста: Мбапе сонува за Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан уште еднаш истакна дека Килијан Мбапе сонува да заигра во Реал Мадрид и покрај критиките од спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој истакна дека Зидан не смее да дава такви изјави во јавноста.

„Се што јас реков е дека играчот претходно кажа дека негов сон е да го носи дресот на Реал Мадрид. Тоа е се што го кажав, и ќе го кажам тоа повторно, и ако треба ќе го повторувам секој ден. За реакцијата на Леонардо немам коментар, тој кажува што си сака, тој е навикнат на тоа, како што јас сум навикнат да си кажувам што сакам“ –изјави Зинедин Зидан.

Веќе станува јасно кој ќе биде прва трансфер цел за „кралскиот клуб“ за летниот преоден рок. Килијан Мбапе со сигурност ќе чини многу повеќе од тоа што го плати ПСЖ на Барселона за Нејмар пред две години.