Зинедин Зидан со прв коментар по испадот на Герет Бејл


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се огасли во јавноста со свој став поврзан околу Герет Бејл и неговата прослава на пласманот на Велс на континенталниот шампионат.

Бејл го навлече гневот на фановите кога вееше знаме на кое пишуваше „Велс. Голф. Мадрид“ на кое јасно се алудира дека Реал Мадрид не му е приоритет во неговиот спортски живот.

Сепак, Зидан истакна дека не го итересира што се случувало надвор од клубот и посочи дека има доверба во Герет Бејл.

„Постојано има врева за тоа што тој го направил, но ние мора да се фокусираме само на фудбалот. Јас гледам само на тоа што тој може да го даде на теренот, не надвор од него. Верувам дека повторно може да стане одлучувачки играч за нас. Тој е важен играч за Реал Мадрид кога не е повреден, тоа го покажа и порано и ќе го покаже повторно“ –изјави Зидан.