Зјелински пристигна (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи го освои талентираниот играч од Полска кој доста се покажа на годинешното европско првенство, Пјетор Зјелински.

Познатиот новинар Ди Марзио утрово пишува дека Полскиот репрезентативец слета во Рим и се упати во правец на клиниката Вила Софија каде што треба да ги изврши медицинските прегледи па потоа и официјално да го облече дресот на тимот од Неапол.

Се претпоставува дека цената на овој трансфер изнесува 12 милиони фунти. Наполи и Ливерпул водеа трка за овој играч но веројатно тој реши да остане во Италија

Минатата сезона тој ја помина на позајмица во Емполи каде што прикажа одлични настапи, инаку во Емполи беше позајмен од Удинезе.