Знаете ли што носи несреќа на репрезентацијата на Шпанија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Шпанија со денешниот пораз од Италија (2:0) се простија од ЕП.

Двојниот по ред шампион на Европа мораше со наведнати глави да го напуштат теренот во Париз, а после натпреварот навивачите на оваа селекција веќе почнаа да прават анализи и да ги коментираат причините за овој голем неуспех.

Најинтересни коментари поврзани се врзани за дресовите на Шпанија.

Веројатно е случајност, но најверојатен звучи податокот дека Шпанците своите последни шест порази на ЕП и на СП ги доживееја кога настапувале во бели дресови.

Црвената фурија очигледно ги следи голем малер кога не е во црвено, па Шпанците можеби можат да размислуваат за тоа да ја исфрлат оваа гарнитура од употреба…