Зошто Ѓоковиќ е најголем: На светот имате осум милијарди луѓе и никој не успеа во тоа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфинале на Ју-Ес опен и така постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го надмине во блиска иднина.

Србинот се наоѓа на два меча од освојување на 21. гренслем-трофеј во кариерата, па така би станал рекордер и ќе ги надмине Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Асошиејтед Прес“ објави анализа за тоа зошто Ѓоковиќ е доминантен во светскиот тенис и притоа го објаснија тоа преку изјавите на останатите тенисери, кои не успеаа да го победат Србинот.

„Никој не може да го направи тоа и никој не го направил досега. Постојат осум милијарди луѓе и на никого не му успеа“, пишуваат од агенцијата.