Зошто работата на Покетино му е сигурна, а не им беше на Тухел и Потер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси потроши над милијарда евра за засилувања откако пристигна Американецот Тод Боли, но екипата игра сè полошо, а со поразот од Астон вила падна до 14. место и има само пет освоени бодови од шест одиграни меча.

Тимот на Покетино не постигна ниту еден гол во септември, иако одигра три натпревари, и тоа против Нотингем Форест, Бормут и Астон вила.

Челси од почетокот на сезоната го победи само Лутон, кој досега освои само еден бод, но и покрај сè тренерот Маурицио Покетино не треба да се плаши за својата работа, за разлика од Томас Тухел и Грем Потер.

Извори блиски до Боели откриваат дека тој конечно сфатил дека успех преку ноќ не се гради и затоа ќе му даде поголем временски период на Покетино да го докаже својот квалитет.