Зверев доби условна казна – при најмал прекршок не му бега голема санкција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Третиот тенисер на АТП-листата, Александар Зверев доби условна казна од една година надзор од страна на АТП поради тоа што удираше со рекетот во судиското столче за време на турнирот во Акапулко.

Германецот доби казна каква што заслужи, а скандалот доби епилог така што организацијата ќе мора да го следи неговото однесување.

Доколку Зверев добие предупредување кое е резултат на неспортско однесување или вербално или физичко вознемирување на судии, противници, гледачи и останати лица, тогаш Германецот ќе заработи суспензија на осум недели.

АТП внимателно ги разгледа случувањата во Акапулко минатиот месец и реши да го предупреди тенисерот за да не се случуваат такви работи во иднина.