Зверев го урна Ѓоковиќ, па заплака: Жал ми е поради ова!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во финале на Олимписките игри во Токио откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 1-6, 6-3 и 6-1.

Ѓоковиќ остана без сонот да освои златен медал на Олимписките игри, иако добро го почна натпреварот.

Германецот по големата победа заплака од среќа, па му се извини на Ѓоковиќ.

„Ти си еден од најголемите во историјата. Жал ми е поради ова!“, кажа Зверев.

Зверев има шанса да ѝ донесе злато на Германија, додека Ѓоковиќ против Пабло Карено-Буста ќе се бори за бронзен медал.