Зверев може да му помогне на Ѓоковиќ ако го совлада Надал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал е на пат да ја освои 14. титула на Ролан Гарос, а следен противник му е незгодниот германски тенисер Александер Зверев.

Надал со месеци се жали дека е повреден, а се споменува и крај на кариерата, но сепак на теренот не може да се забележи по неговите настапи дека трпи некакви болки.

Навивачите на Новак Ѓоковиќ денеска ќе навиваат за Зверев, а причината за тоа е да го запре Надал на патот кон 22. гренслем-титула во кариерата, со што би му избегал на Србинот.

Надал во моментов има 21 титула на големите турнири, додека Ѓоковиќ е веднаш зад него со една помалку и може да го престигне до крајот на годинава, ако Шпанецот не слави во Париз.