Зверев призна дека е болен: Се плашев дека ќе го искористат против мене!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев реши во јавност да признае дека има проблеми со здравјето, па така откри дека има дијабетес.

Зверев има шеќерна болест која му била дијагностицирана кога имал само четири години, а отворил и фондација која се занимава со обезбедување на инсулин и други лекови.

„Во моментов сум во привилегирана ситуација затоа што го живеам животот кој го сакам. Сакав да играм тенис, патувам низ светот, но свесен сум дека многу деца ја немаат таа среќа“, кажа Зверев.

Младиот тенисер кажа дека многу луѓе не знаеле за неговата болест.

„Малку луѓе беа запознаени со фактот дека имам дијабетес. Се плашев дека моите противници ќе се чувствуваа посилни ако беа свесни за мојата болест, но сега не сум загрижен за тоа“, кажа Германецот.