Зверев сфати каква глупост направи во Акапулко: Жал ми е, се разочарав…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер, кој е трет на АТП-листата, Александер Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко откако на мечот во двојки вербално и физички го нападна судијата.

Германецот почна да го навредува судијата, а по крајот на мечот удираше со рекетот по неговото столче и затоа беше исфрлен од турнирот во Акапулко.

„Тешко ми е, не можам да ви објаснам колку ми е жал поради моето однесување. Му се извиниав на судијата, тоа беше погрешен потег, се разочарав себеси. Не смееше тоа да се случи и нема изговор. Би сакал да им се извинам на сите. Оставам сè на теренот, а вчера претерав. Ќе ги искористам следните денови за да ја оладам главата и да се потрудам никогаш повеќе да не се повтори ова. Жал ми е што ве разочарав“, вели Зверев.