Ѕвезда на Баерн Минхен ги следи стапките на Давид Алаба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германски „Билд“ објави дека Баерн Минхен би можел да остане без уште еден важен фудбалер, кој одбил да ја продолжи соработката со германскиот гигант и сака нов предизвик далеку од Премиерлигата.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека постои можност Серж Гнабри да биде ново засилување на Реал Мадрид, па сега медиумите шпекулираат дека тој ќе го следи чекорот на Давид Алаба.

Австриецот минатото лето потпиша за Реал и дојде како слободен фудбалер, додека Гнабри има договор до 2023 година, но не сака да ја продолжи соработката.

Тоа значи дека Реал би можел да испрати понуда за Гнабри, а Баерн за неговиот трансфер ќе бара околу 60 милиони евра, а тоа е подобро отколку да останат без него и без пари.

Баварците водат преговори со Гнабри и сакаат да потпишат договор до 2027 година, а нов договор ќе му биде понуден во јануари, но негов приоритет е Реал.