Ѕвезда на Јуве сакала да се пензионира, но мајка му го предомислила!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои фудбалери не успеваат да се изборат со притисокот кој го носи играњето на високо ниво или во некоја елитна лига. Аргентина во финалето на Светското првенство во 2014 година загуби од Германија по продолженија, а Гонзало Игуаин сакал да ја заврши кариерата веднаш по тоа.

Искусниот аргентински напаѓач шест години подоцна во разговор за „Марка“ откри што се случувало и дека мајка му влијаела на неговата одлука.

„Бев блиску до пензионирање, но мајка ми не ми дозволи, таа ми кажа дека треба да продолжам. Што е до мене, ќе се откажев. Сакам фудбал, но мајка ми многу повеќе. Таа ми кажа дека не смеам да се откажам поради неа“, вели Игуаин.

Игуаин очигледно направи вистински потег, затоа што постави неколку рекорди со настапите во Наполи, а потоа направи и трансфер во Јувентус, а меѓу другото играше и за Милан и Челси.