Ѕвезда на Милвоки позитивна на коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо доби позитивен тест на коронавирус, како што објавија медиумите во текот на ноќта.

Добра вест е тоа што ѕвездата на Милвоки нема никакви симптоми, па наскоро ќе се приклучи на остатокот од тимот, со кој треба да ги продолжи предизвиците во НБА-лигата.

Бледсо сезонава играше многу добро, па во просек на натпревар постигнуваше по 15,4 поени, 5,4 асистенции и 4,9 скокови по натпревар.