Ѕвезда на Реал им се жалеше на соиграчите, се подготвува ли раздор во Мадрид? ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е тим кој има голем број ѕвезди и на било кој тренер не му е лесно да ја контролира соблекувалната.

Зинедин Зидан засега успешно се спротиставува на тој предизвик, зашто Французинот не се плаши да остави звучни имиња на клупата или да ги замени во текот на натпреварот.

Пред самиот почеток на „Ел Класико“ кое се играше во сабота, камерите го забележаа Иско како „мафта“ кон Зидан незадоволен со својот статус.

Околку Иско беа Модриќ, Јовиќ, Марсело, Лукас и Милитао, а Шпанецот им се жалеше поради односот на францускиот тренер.

„Ако ме менува, тогаш тоа го прави во 50-60 минута. Ако треба да ме пушти на теренот, тогаш тоа го прави во 80. минута“, се жалеше Иско.