Ѕвезда на Реал Мадрид ги разочара навивачите откако се појави на – модна писта! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот француски фудбалер се појави на модна писта на претставувањето на новата колекција на брендот „Баленсијага“ и стана првиот играч кој се прошета на модната писта со овој бренд.

Покрај него тука беа други познати лица, меѓу кои и Никол Кидман, Ким Кардашијан, Дуа Липа и останатите ѕвезди.

Добар дел од манекенките и манекените имаа маски, но тоа не го направи и Камавинга, кој носеше посебен модел, но истиот ги разочара навивачите.

Камавинга минатата година за 30 милиони евра се пресели од Рен во Реал Мадрид, па во првата сезона ги освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).