Ѕвезда на Сити славеше со навивачите на Барселона и му покажа „среден прст“ на Ливерпул! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тешко беше да се остане имун на одличниот настап на Лионел Меси, кој во полуфиналето од Лигата на шампиони против Ливерпул (3-0) постигна два гола.

По неверојатниот погодок од слободен удар за победа од 3-0, одличниот Аргентинец ги „запали“ социјалните мрежи, кадешто беа објавени многу статуси поврзани со ремек-делото.

Многумина го прославија ремек-делото на Аргентинецот, а дури 90.000 навивачи имаа среќа во живо да ја видат мајсторијата.

На трибините на „Камп Ноу“ меѓу навивачите на Барселона беше и фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, кој ептен се израдува на поразот на Ливерпул, па голот на Меси го прослави со „среден прст“ испратен до навивачите на клубот од „Енфилд“.