Ѕвезда на Вест Хем имаше тешка сообраќајка – автомобилот е целосно уништен (Фото)


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Фудбалерот на Вест Хем Мајкл Антонио доживеа сообраќајна несреќа, а оваа информација е потврдена од лондонскиот клуб.

“Вест Хем потврдува информација дека напаѓачот Мајкл Антонио денеска учествуваше во сообраќајна несреќа. Нашите мисли и молитви се со Мајкл, неговото семејство и пријателите во овој момент. Клубот ќе објави нови информации веднаш кога тие ќе бидат достапни”, стои во соопштението.

Наводно фудбалерот со хеликоптер бил пренесен во болница, но засега не се откриваат повеќе детали.