Алегри размислува да продаде дефанзивец, Арсенал задоволно „трие раце“

Тимот на Арсенал сака од наредната сезона да види фудбалер на Јувентус.

Венгер во својот состав го сака Ругани зашто му се допаѓа начинот на кој игра 23-годишниот фудбалер.

Ругани не игра многу често во Јувентус, но далеку од тоа дека не добива шанса, играше 16 пати, а постигна и по еден гол и асистенција.

Овој стопер во Арсенал би добил поголема шанса и простор за игра, но има договор до јуни 2021 година со Јувентус.