АТП Акапулко – Надал и Квери ќе се борат за титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во финалето на турнирот во Акапулко ќе играат Надал и Квери.

Надал во првиот натпревар од ½-финалето успеа да го победи Чилиќ со 6:1 и 6:2. Надал 4 пати успеа да му го одземе сервисот на противникот, а успеа да ги спаси сите 7 брејк топки со кои беше соочен.

Квери до финалето дојде по победата против Кирјос во 3 сетови со 3:6, 6:1 и 7:5.

Надал и Квери досега одиграа 4 меѓусебни натпревари, а секој пат победник беше Надал.

Победникот ќе добие парична награда од 321.290 долари, како и 500 АТП поени.