Аферата Барзаљи ја дрма Италија – ноќна забава, мирна вечера или завера против Наполи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоперот на Јувентус го напушти тимот на Италија, поради „приватни причини“.

Не се случи ако не се појави на друштвените мрежи. Но некои работи едноставно не треба да се претставуваат ширум јавноста. Па така еден италијански ди-џеј направи вистинска мешаница на Апенините кога на Инстаграм прикачи фотографија со фудбалерот на Јувентус, Барзаљи.

И веднаш стигна ударна вест дека Барзаљи нема да патува во Амстердам поради „приватни причини“.

„Сакам да објаснам дека Андреа вечераше со сопругата и децата. Зборуваме тука за ресторан со специфичен амбиент и тивка музика. Фотографијата е сликана во 10 часот навечер додека семејството на Барзаљи вечераше, само тој ја прикачи подоцна на друштвените мрежи.“

Дел од јавноста сепак не прифати објаснување затоа што сега секој има телефон и интернет, па не мора да чека да стигне до дома за да прикачи слика на друштвените мрежи.

Посебно се побунија навивачите на Наполи кои сега пишуваат за некаква завера која на Барзаљи ќе му дозволи повеќе денови одмор пред дербито со Јувентус наредниот викенд.

Репрезентативните обврски претходно ги завршијиа Игуаин, Манџукиќ и Алвеш. Доволно да се развие теорија во главите на навивачите на Наполи.