Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на Милан сезонава, Сусо, е мета на големиот Баерн од Германија.
Шпанецот со одличните игри во дресот на Милан во текот на оваа и претходната сезона, привлече големо внимание на себеси, па се поврзува со многу клубови.
Сусо го продолжи договорот со „росонерите“ до 2022. година, а неговата моментална цена на пазарот изнесува 40 милиони евра.
Овој 24-годишне фудбалер е токму таков, каков што им е потребен на Баерн Минхен, поради тоа што Рибери и Робен наскоро ќе ја завршат кариерата во баварскиот клуб.