Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот вицепремиер на Италија, Матео Салвини го критикуваше изборот на новиот селектор Роберто Манчини, кој го постави Марио Балотели за капитен на Италија.
Салвини го води десното крило на италијанската влада кое е анти-мигрантско, а познат е по тоа што никогаш не ги сакал мигрантите, па наводно го навредил Балотели со изјава.
„Капитенот мора да биде репрезентативен, не е важно дали е бел, жолт или зелен. Можеби Балотели ќе ме разбере погрешно, но тој не беше репрезентативен претходните години“, вели Салвини.















